Исчезна внукот на Ким Јонг Ун

 

Внукот на Ким Јонг Ун  во едно интервју од 2012. година се осмелил својот чичко Ким Јонг Ун да го нарече диктатор.

20- годишниот  Ким Хан Сол, кој се наоѓал на студии во францускиот град Авр, исчезнал од студентскиот дом и веќе неколку денови не е во контакт со своето семејство.

Името на момчето исчезнало од поштенскиот список на студентскиот дом, два дена откако Корејската телеграфска агенција ја објавила веста за казната на Јанг Сонг Таек, кој неодамна бил стрелан под обвинение дека сакал да преземе власта.

 

17.12.2013 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа