Нов пат до стадионот во Хром

Привршува асфалтирањето на новиот пристапен пат до стадионот „Млади лавови“ во населбата Хром.

Во првата фаза патот е тампониран. Широк е шест метри. Пред стадионот се гради и паркинг простор за 20 возила. Стручни екипи привршуваат и со поставувањето на вештачката трева на стадионот, а работите ќе бидат завршени до крајот на оваа недела.

Инаку, средствата се обезбедени од буџетот на општината.

16.12.2013 - 14:47
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега