Македонската полиција фати камен-пијан возач - Дувнал 1,78 промили

 

На 01.05.2025 во 18.20 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ц.(44) од село Жегљане, општина Старо Нагоричане.

 При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

02.05.2025 - 11:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега