Есма се отвори: Јас сум како Тито

Есма Реџепова - Теодосиевска деновиве во колекцијата награди додаде уште една, која пред неколку дена ја доби од магазинот "Хелоу" во Белград, на манифестацијата одржана во Белот двор кој и припаѓа на кралската династијата Караѓорѓевиќ. Кралицата на ромската песна освои награда за уметник на годината, а во српската престолнина, меѓу низата тамошни познати личности кои оставиле белег на екс-ју просторот изминатата година, беше единствениот македонски претставник, пишува Вечер

"И се радувам на секоја награда, секое признание ми дава елан, а оваа награда посебно ми значи. На Белиот двор седев заедно со семејството Караѓорѓевиќ во првиот ред, во моето обраќање по добивањето на наградата ги поздравив сите од Македонија, затоа што бев единствена од кај нас што беше поканета и доби награда. А и кога ќе се земе бројот на наградите што ги имам добиено за овие 55-години кариера можам слободно да кажам дека само јас и Тито имаме најмногу награди на овие простори и тоа добивани од сите краишта на светот. Едвај чекам следната година да биде отворен Музејот на Есма и Стево за да бидат изложени сите мои признанија и сите да ја видат нашата музичка работилница, што се имаме создадено и добиено како награди за сите години естрадна дејностаа, вели Есма која по враќањето од Белград се пожали дека ќе мора да одмори малку затоа што била тенко облечена за овие минусни зимски температури, па настинала.

12.12.2013 - 23:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега