Кој е Кралот Чарлс Трети, новиот монарх

 

 

Во моментот кога почина кралицата, тронот веднаш и без церемонија премина на наследникот Чарлс, поранешниот принц од Велс.

Како најстар од децата на Елизабета Втора, Чарлс е во редот за тронот веќе 70 години, што е рекорд во кралското семејство.

Тој станa монарх на 73-годишна возраст. Но, постоеа голем број практични – и традиционални – чекори низ кои мораше да помине за да биде крунисан за крал.

Кој е Чарлс?

Чарлс е роден во Бакингемската палата на 14 ноември 1948 година. Тој имал 4 години кога неговата мајка била крунисана како кралица Елизабета Втора.

Се ожени со лејди Дијана Спенсер на 29 јули 1981 година во катедралата Св. Павле во Лондон. Од тој брак имаат два сина: принцот Вилијам, роден на 21 јуни 1982 година; и принцот Хари, роден на 15 септември 1984 година.

Нивниот брак заврши на 28 август 1996 година, иако принцезата од Велс продолжи да живее во палатата Кенсингтон и да ја извршува својата јавна работа. Лејди Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година.

Симболична врвна точка на пристапување кон тронот ќе биде крунисувањето. Чарлс ќе биде официјално крунисан в сабота, 6 мај.

Во изминатите 900 години крунисувањето се одржуваше во Вестминстерската опатија. Вилијам Освојувачот беше првиот монарх што беше крунисан таму, а Чарлс ќе биде четириесеттиот.

Станува збор за англиканска религиозна служба, која ја спроведува надбискупот од Кентербери. Во кулминацијата на церемонијата, тој ќе ја постави круната на Свети Едвард на главата на Чарлс – златна круна, која датира од 1661 година.

Ова е централното парче на Крунскиот накит на лондонската кула, а монархот го носи само во моментот на самото крунисување (тежи 2.23 килограми).

За разлика од кралските свадби, крунисувањето е државна свеченост – владата плаќа и на крајот одлучува за списокот на гости.

Ќе има музика, читање и ритуал на помазание на новиот монарх, користејќи масла од портокал, рози, цимет, мошус и амбра.

Новиот крал ќе положи крунисувачка заклетва пред очите на целиот свет што ќе ја следи церемонијата. Тој ќе добие кугла и жезол како симболи на својата нова улога, а надбискупот од Кентербери ќе му ја стави златната круна на главата.

05.05.2023 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега