Во поплавите во Руанда загинаа 130 луѓе, уништени над 5.000 куќи

 

 

Во поплавите во Руанда оваа недела загинаа 130 луѓе и уништија повеќе од 5.000 дома, изјави владиниот заменик-портпарол. Обилните дождови од вторникот вечерта предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западните и во северните провинции на земјата.

„Досега забележавме 130 смртни случаи. Сè уште има 77 повредени, од кои 36 се во болница. Петмина се водат како исчезнати“, изјави Ален Мукуралинда, заменик-портпарол на владата. Тој додаде дека поплавите целосно уништиле повеќе од 5.100 куќи и делумно уште 2.500, а сите луѓе што живееле во тие домови сега треба да се преселат.

За време на посетата на погодените области во западна Руанда во четвртокот, премиерот Едуард Нгиренте рече дека потрагата сè уште е во тек бидејќи некои тела сè уште се закопани во калта, што значи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Мукуралинда рече дека се уништени 17 патишта и 26 моста, болници и пет здравствени дома. Тој рече дека владата испратила помош во храна, средства за хигиена, постелнина, кујнски прибор и тие се транспортираат во најтешко погодените области во западната провинција. Руанда се соочува со обилни и чести дождови од крајот на март.

 
04.05.2023 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега