Во напад со нож во училиште во Берлин повредени се две девојчиња

 

 

Две девојчиња се тешко повредени денеска при напад со нож во училиште во јужниот дел на германската престолнина Берлин, соопшти берлинската полиција.

Полицијата истакна дека девојчињата се на седум и осум години и дека едно од нив се здобило со повреди опасни по живот.

Приведен е 39-годишен осомничен, соопшти полицијата, додавајќи дека се уште се нејасни околностите за нападот.

03.05.2023 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега