Рјабков: САД можеби сакаат да ја измамат Русија

 

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека протекувањето на американските тајни документи за судирот во Украина „можеби е измама што Вашингтон свесно ја пласираше со цел на кампања за дезинформации за да ја измами Русија“.

Тој додаде дека Москва во оваа фаза, „немаме мислење за тоа“.

Со оглед на тоа што САД се составен дел од конфликтот (во Украина), каде што всушност водат хибридна војна против нас, можни се такви методи со цел да се измами непријателот, што значи Руската Федерација, истакна Рјабков.

Во текот на викендот на интернет се појавија тајни американски документи, кои Пентагон ги претстави како „многу висок ризик“ за националната безбедност на САД. Меѓу другите информации, овие документи ги откриваат сомнежите на САД за успехот на претстојната украинската контраофанзива.

Според „Гардијан“ документите откриваат дека американското разузнавање, наводно, во февруари ја предупреди Украина дека можеби нема да може да собере доволно војници и оружје за нејзината планирана пролетна контраофанзива и дека може „многу помалку“ од наведените цели на Киев за враќање на територијата заземена од Русија.

Во документот, означен како „строго доверливо“, цитиран од „Вашингтон пост“, се наведува дека Киев се соочува со значителни „недостиг на генерирање сила и одржување“ и затоа најверојатно ќе оствари само „скромни територијални придобивки“. Документот е снимка од ситуацијата на почетокот на февруари, а не е јасно колку Украина со поддршка на земјите-членки на НАТО успеала да ги надомести недостатоците оттогаш.

 

„Гардијан“ повикувајќи се на друг документ од 23 февруари, истакнува дека требало да се формираат за 12 „борбено веродостојни“ нови бригади, кои би ја предводеле контраофанзивата, опремени со 253 тенкови и околу 1.500 други оклопни возила од различни типови. Три бригади требаше да бидат формирани од Украинците, а останатите девет да се формираат со помош на САД, сојузниците и партнерите. Планираните бригади беа далеку од подготвени во времето кога беа креирани документите, а пет допрва требаше да започнат со обука. Шест бригади имаа половина или помалку од потребната опрема. 

12.04.2023 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега