Нови детали од тајните документи: Укринците имаат проблеми - нема брзо да ја завршат војната против Русија
Тајните документи на Пентагон кои беа обелоденети на социјалните мрежи покажуваат песимистичко американско гледање на воената ситуација во Украина, укажуваат на украинските проблеми со оружјето и противвоздушната одбрана и предвидуваат дека во наредните месеци ќе има застој во војната, пренесува Си-Ен-Ен.
Документите, кои се чини дека датираат од февруари и март, ги наведуваат воените недостатоци на Украина додека Киев се подготвува за пролетна контраофанзива. Неколку доверливи документи предупредуваат дека украинската противвоздушна одбрана со среден дострел за заштита на војниците од фронтот ќе биде „целосно исцрпена до 23 мај“, што сугерира дека Русија наскоро би можела да има воздушна супериорност и дека Украина може да ја изгуби способноста да собере копнени сили во контраофанзивата.
Документите, исто така, ги истакнуваат проблемите со руската воена офанзива, предвидувајќи дека резултатот ќе биде ќор-сокак меѓу двете страни во догледна иднина. Според информациите, американското разузнавање предупредило во февруари дека Украина можеби нема да може да собере доволно војници и оружје за планирана пролетна контраофанзива и дека би можела да биде многу пониска од целите на Киев да ја врати територијата заземена од Русија, пишува „Гардијан“.
Во документот, означен како „строго доверливо“, цитиран од „Вашингтон пост“, се вели дека Киев се соочува со значителни недостатоци во градење сила и одржување и затоа најверојатно ќе оствари само скромни територијални придобивки.
Документот е снимка од ситуацијата од почетокот на февруари, а нејасно е колку Украина со поддршка на земјите-членки на НАТО успеала да ги надомести недостатоците оттогаш.
Друг документ, од 23 февруари, што го видел „Гардијан“, го опишува напредокот на изградбата на 12 „борбено веродостојни“ нови контраофанзивни бригади, опремени со 253 тенкови и околу 1.500 други оклопни возила од различен тип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа