Трагедија во Мексико: Брачен пар загина при пад на запален балон, пилотот обвинет за убиство

 

 

Пилотот на балон со топол воздух кој неодамна се запали и се урна во близина на пирамидите Теотихуакан во Мексико, при што загинаа две лица, е обвинет за убиство.

Во несреќата, која се случи на 1 април, загинаа брачна двојка од Мексико, а нивната ќерка беше повредена.

Возењето со балон на топол воздух над археолошкиот локалитет Теотихуакан, недалеку од Мексико Сити, е многу популарно, но балонот што се урнал не бил регистриран во Федерацијата за балони на топол воздух Теотихуакан, велат од здружението.

На видеото од инцидентот се гледа како гори корпата на балонот, а официјални лица рекоа дека патниците скокнале од неа додека балонот се уште бил нагоре.

Во несреќата загинале 50-годишен маж и неговата 39-годишна сопруга, додека нивната 13-годишна ќерка се здобила со изгореници и скршена коска, јавува Би-би-си.

Во несреќата е повреден и пилотот на балонот.

Локалните медиуми објавија дека брачниот пар Хозе Едгар Ноласко и Виридијана Бесерил резервирале лет со балон за да го прослават 39-тиот роденден на Виридијана Бесерил.

Обвинителството сè уште не објави детали за тоа што би можело да предизвика пожарот на балонот.

10.04.2023 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега