Денеска понесете си чадор со себе

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со услови за краткотрајни врнежи од дожд и снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег. 

Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време. Во претпладневните часови со услови за краткотрајни врнежи од дожд, а повремено по некаде и со краткотраен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

10.12.2013 - 08:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега