ВМРО: Зошто Филипче не го разрешува криминалецот Сокол кој расшетува затвореници?

 

Венко Филипче и СДС неколку молчат и не се оградуваат од криминалецот Филип Андов Сокол кој ги расшетуваше затворениците со државни ресурси. Ова денеска го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не го разрешува членот на ЦО и советник на Заев криминалецот Сокол. Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол, СДС и Филипче што не се оградуваат од него, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали Филипче и СДС го поддржуваат Сокол и штитат криминалци? Од што се плаши Филипче па молчи? Народот гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса. Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ. Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува, велат од партијата.

03.03.2025 - 09:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега