Трамп: Треба помалку да се грижиме за Путин
Доналд Трамп даде кратка изјава на својата мрежа Truth Social по одржувањето на самитот во Лондон.
„Треба помалку да се грижиме за Путин, а повеќе за бандите силувачи меѓу мигрантите, нарко босовите, убијците и луѓето од психијатриските институции кои влегуваат во нашата земја – за да не завршиме како Европа!“
Европските лидери се состанаа на клучен самит во Лондон по расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа.
03.03.2025 - 08:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа