СДСМ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

 

Веќе втора недела Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски одбиваат да ја дексласифицираат документацијата која би требала да го потврди случајот со наводното следење на Мицкоски.

Потпретседателот на опозициската СДСМ, Методија Илиевски на прес-конференција обвини дека власта нема храброст да ја декласифицира документацијата за скандалот во АНБ. 

Според него, власта правела сѐ за да ја саботира работата на Надзорната собраниска комисија за работата на АНБ и АР. -Вчерашната седница на надзорната собраниска комисија која треба да ја следи работата на службите мистериозно беше откажана иако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираа итноста таа веднаш да се одржи. Од што се плаши Христијан Мицкоски? Дали Христијан Мицкоски се плаши од содржината на овие документи кои доколку се декласифицирани ќе ги покажат врските на премиерот со странски служби од непријателски држави? Дали е точно дека оперативната обработка на АР и АНБ која власта одбива да ја декласифицира била во врска со откривање на руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизацијата на државата? Дали е точно дека Мицкоски иако не бил мета на следење влетал во комуникација со лица кои има за цел да ја десталибизиаат државата, а биле финансирани од странски пари? Дали дел од овие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата?, прашува Илиевски.

Повторно ја повика власта да ја декласифицира документацијата.

-Основна цел на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање е да ја штитат државата од странски и домашни непријатели.Дали Мицкоски за торби парии ги продал интересите на сопствената држава на странски непријателски држави? СДСМ уште отворено и јавно ја повикува власта на чело со премиерот Христијан Мицкоски, дексласифицирајте ја документацијат затоа што македонската јавност заслужува да ја знае вистината, рече Илиевски.

06.09.2025 - 12:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега