Ставревски пушти во употреба две новоасфалтирани улици во Кочани

 

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски денеска работно го прошета Кочани.

Во населбата Усова чешма во Кочани денеска беа пуштени во употреба новоасфалтираните улици „Крум Вранински“ и „Мишо Арсов“ во вкупна должина од 800 метри кои беа проблем за граѓаните.

- Деценискиот проблем на жителите од оваа населба е решен. Со средства од 3,5 милиони денари што ги одобри Владата преку проектот на Светска банка, како грант на општината Кочани е изградена улицата „Крум Вранински“. Ова е резултат на квалитетната изработка на проектот за реконструкција на водоводната мрежа, средна зона во Кочани во која Владата преку Светска банка и одобри на општината 600 илјади евра, рече Ставрески.

Од своја страна и градоначалникот Димитровски информира дека општина Кочани од сопствениот буџет вложила дополнителни 3,6 милиони денари за асфалтирањето на улицата „Мишо Арсов“ и за изградба на 2.200 метри тротоари. 

Предвидено е да се асфалтираат уште две улици.

09.12.2013 - 13:32
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега