Маратонците го окупираа Скопје - еве кои улици се функционални

 

Поради одржувањето на „Скопскиот маратон 2013“ денеска од 7:30 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај во Скопје.

Од Градот Скопје информираат дека во дадениот период целосно затворени за сообраќај ќе бидат ул.„Димитрије Чуповски“, бул.„Илинден“, ул.„Франклин Рузвелт“, ул.„Војвода Васил Чакаларов“ (Адолф Циборовски), ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул„11 Октомври“, делот на бул. „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица Пролет, бул.„3-та Македонска Бригада“  од семафорите кај Полициска Станица Пролет до крстосница со ул„Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од бул.„Јане Сандански“ од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со бул.„Србија“

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат десната коловозна лента од бул.„Климент Охридски“ во правец од Матица до семафорите кај Влада, ул.„Љубљанска“ во правец од бул.„Илинденска“ до семафорите кај бул.„Партизански Одреди“, ул.„Московска“ во правец од бул. „Партизански Одреди“ до Студентски дом Гоце Делчев.

Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на Јавниот градски превоз. Изменета траса ќе имаат линија бр. 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор) – Кл.Центар.  Во обратна насока: Кл. Центар – ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Југодрво) – Тр. Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески  -  Сп.Сала МЗТ.

Линија бр. 3Б: од Кванташки пазар до  Југодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор)  – Кл.Центар.  Во обратна насока: Кл. Центар – ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Југодрво) – Тр. Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески  - бул.АСНОМ – Кванташки пазар.

Линија бр. 4 и 4А: од Хром до Соборен Храм по бул. Партизански Одреди, мост Гоце Делчев, бул. Гоце Делчев, Судска палата, Југодрво, ул. Павел Шатев, Антон Попов, Димо Хаџи Димов, бул. Борис Трајковски и обратно.

Линија бр. 5: Од Дексион – ул.Ѓ.Петров, бул. Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, Судска палата, Комплекс Банки, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала МЗТ, Бул.АСНОМ, Ново Лисиче, а обратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата  траса, Судска Палата, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди, ул. Ѓ. Петров и Дексион.

Линија бр. 7 : од Карпош 3, ул.Карпошово Востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул. Партизански Одреди, бул. Гоце Делчев, Судска Палата, Комплекс Банки,  ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. 3 Македонска Бригада  и продолжува по својата траса, а во обратна насока по бул.3-та Македонска Бригада, ул. Коста Новаковиќ, ул. Владимир Комаров, бул.Јане Сандански, Тр.Центар, Комплекс банки, Судска Палата, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански Одреди до Карпош 3.

Линија бр. 7Б: од Дом на Печат, ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Југодрво), ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. 3 Македонска Бригада  и продолжува по својата траса, а во обратна насока по бул.3-та Македонска Бригада, ул. Коста Новаковиќ, ул. Владимир Комаров, бул.Јане Сандански, Тр.Центар, Комплекс банки, Југодрво, ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Дом на печат.

Линија бр. 8: Влае – бул.Партизански Одреди, мост Г.Делчев, бул.Г.Делчев – Битпазар и на своја траса, исто и во обратната насока.

Линија бр. 9: Кл. Центар – ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Југодрво), Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока по непроменета траса.

Линија бр. 15 и 15А: од Карпош 3 (почетна 7 и 59), ул. Карпошово востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул. Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, Судска палата, Комплекс Банки, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала МЗТ,бул. АСНОМ,  Ново Лисиче, а обратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, Судска Палата, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди до Карпош 3.

Линија бр. 16: Железара – Б.Пазар– Југодрво и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

Линија бр. 19:  Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), ул.Карпошово востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по својата траса до Карпош  3.

Линија бр. 21: Тр.центар, Судска палата, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

Линија бр. 22: Тр.центар, Судска палата, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

Линија бр. 22А: Кл. Центар – ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Југодрво), Судска палата, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по редовна нормална траса.

Линија бр. 23: Дом на печат, ул. Железничка, бул. Кочо Рацин (Југодрво), (Комплекс банки), бул.К.Ј.Питу, ул.Никола Карев, ул.Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, ул.717, (Спортска сала МЗТ), бул. АСНОМ и по истата траса по бул. Војводина. Во обратна насока: по својата траса, бул.Војводина, бул.Јане Сандански, бул.К.Ј.Питу (Транспортен Центар), (Народна банка), бул.Кочо Рацин, бул.Мито ХаџиВасилев Јасмин до Дом на печат

Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), ул. Карпошово востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул. Партизански Одреди , бул. Г.Делчев, Судска палата, Југодрво и продолжуваш по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3.

Линија бр. (Милениумски крст): Тр.центар, Југодрво, ул.Кирил и Методиј (Рамстор), бул. Водњанска и продолжува по својата траса, а во обратната насока по ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Југодрво), до Транспортен центар.

Линија бр. 50: Кл. Центар – ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин( Југодрво), Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжуваш до Југодрво, ул. Кирил и Методиј (Рамстор)  и Кл.Болница.

Линија бр. 57: Козле, ул. Железничка –подвозник-бул.Кочо Рацин (Југодрво), Битпазар и продолжуваше по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжуваш до Југодрво, ул. Кирил и Методиј (Рамстор)  и Козле.

Линија бр. 59: почетна станица, ул.Карпошово Востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул.Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, Битпазар, Бутел – до К.Бара. Во обратната насока по истата траса.

Линија бр. 59А: К.Вода, Југодрво, Битпазар и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата траса.

Линија бр. 59Б: Ново Лисиче, бул.Јане Сандански, Комплекс банки, Судска палата, Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока од Битпазар, Судска палата, Комплекс банки, Тр.центар, ул.Владимир Комаров, ул.Васко Карангелески, бул.АСНОМ и Ново Лисиче

Линија 31,41, 51, 67 и 70: Тр.центар, Југодрво, ул. Павел Шатев, ул.Антон Попов, ул.Димо Хаџидимов, бул.Борис Трајковски и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата траса.

Линија 58: Тр.центар, Југодрво, ул.Павел Шатев, ул.Антон Попов, ул.Димо Хаџидимов и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата траса.

Од Градот скопје информираат дела линии со непроменета траса се: 2, 2А, 12, 45, 65В, 11, 18,  47, 52, 53, 54, 55, 56, 60, 61, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71,81.

Скопскиот маратон прв пат се одржа во 1997 година по иницијатива на познатиот спортски работник професор – тренер, Душан Ангеловски, се повторува наредната година по што следува пауза до 2007 година кога е обновен на иницијатива на евро-амбасадорот Ерван Фуере и на тогашниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски.

Оваа година на предвидените категории во трчање се пријавиле рекорден број од 4.900 учесници. Трката ќе започне во 9 часот во центарот на Скопје, кај „Рекорд“, а се очекува да заврши во 14 часот на плоштадот „Македонија“.

најчитано сега