Ахмети: Телма, Мелма и Алфа се непријатели на Албанците кои аплаудираат на нашите поделби во ДУИ
Вчера во Гостивар, претседателот на ДУИ, Али Ахмети држеше говор. Тој ги коментираше поделбите во партијата, и кажа дека овие поделби им служат само на непријателите на Албанците, пренесува ТВ 21.
„Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, рече Ахмети.
16.01.2023 - 09:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа