Тетовец преживеал хорор: Тргнал на средба со девојка од Скопје, го пречекале две лица и го натепале

 


Дваесет и седумгодишен тетовец пријавил дека бил напднат од две лица, кога пристигнал во село Арнакија, скопско.

Според информацијата од МВР, тој тука стигнал по претходен договор за средба со женско лице со кое се допишувал преку социјални мрежи, бил физички нападнат од две лица кои му упатувале и закани со огнено оружје, а потоа едниот од нив со тврд предмет (кундак од автоматска пушка) му го оштетил неговото патничко возило „фолксваген голф 5“ со тетовски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

20.03.2025 - 16:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега