Нови апсења вечерва: Приведени Папазов и двајца други поранешни градоначалници на Кочани

 


Според информации на Пресс24 попладнево, по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, се приведени тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани: Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов.

Оваа акција е дел од истрагата во врска со трагичниот пожар во клубот „Пулс“, во кој животот го загубија 59 лица. ОЈО Кочани соопшти дека акцијата за приведување на лица за кои постои сомнеж за инволвираност ќе продолжи во текот на ноќта.

„Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот "Пулс", соопшти ОЈО.

„Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, стои во соопштението од ОЈО.

Љупчо Папазов беше актуелен градоначалник кој поднесе оставка по пожарот. Ратко Димитровски ја водеше општината од 2009 до 2017 година, а Николчо Илиев од 2017 до 2021 година.

20.03.2025 - 19:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега