Повредените во штипскиот пожар пуштени на домашно лекување

Голем пожар вчера попладне изби во станбена зградба  на улицата Ванчо Китанов во Штип. Според информациите на Пресс24, пожарот избил во подрумските простории и почнал да се шири. На терен веднаш излегле екипи на противпожарната единица и успеале огнот да го стават под контрола.

По пожарот, во Клиничката болница во Штип биле донесени девет лица. Како што јавува МИА, примени се пет возрасни од кои четири жени и еден маж, како и четири дечиња. Жените се прегледани и пуштени веднаш дома, додека мажот вчера беше задржан на Одделението за хирургија, а денеска ќе си оди дома. Дечињата се четири на различна возраст, од кои едно осум месечно бебе и истите сите се прегледани и од страна на педијатар и пуштени се дома.

Пожарот синоќа предизвика вистинска паника. 35 домаќинства од зградата ноќта ја поминаа без електрична енергија.

Полицијата истражува во какви околности настанал пожарот.

06.12.2013 - 14:34
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа