За едно деноноќие Алфите привеле 7 лица - меѓу нив и убиец

За едно деноноќие специјалната полициска единица Алфи привеле седум лица, меѓу кои и познатиот Панда кој беше пуштен од психијатриска болница на викенд.

Според податоците од МВР, околу 5 часот е приведен 24-годишниот Семих З.од Скопје кој издржува затворска казна во траење од три години за разбојништво, додека вчера околу 17 часот е пронајден и 40-годишниот Јордан М. од Скопје, којшто е пациент на Психијатриската болница во Демир Хисар, а не се вратил на лекување.

Потоа, во 21 часот, по претходно добиени сознанија за лицето, приведен е и 35-годишниот С.Ј. од Арачиново, на паркинг-просторот пред пицеријата “Авани“, кој се наоѓал во автомобил марка Голф. Тој кога ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но набрзо бил фатен.

Инаку, во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови, поточно околу 00,20 часот, по претходно примена пријава за вршење кривично дело кражба од страна на тројца непознати сторители кои од ПМВ марка “Алфа Ромео“со скопски регистарски таблички паркирано на бул.“АВНОЈ“, припадниците на “алфите“ привеле четири лица. Лицата, се обидувале да ги оштрафат и одземат тркалата од возилото а четрвиот сторител ги чекал во паркирано ПМВ марка “Сеат Ибица“со скопски регистарски таблички. Во брзата интервенција на “алфите“’ од слобода се лишени Б.М. (16), С.Б. (20) и Ј.Б. (21) сите од Скопје, а четвртиот сторител Р.Е. (20) кој го оставил возилото и избегал во правец на зградите на ул. “Ордан Чопела“, е набргу пронајден и фатен. Лицата се лишени од слобода и предадени во ПС Аеродром.

06.12.2013 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа