Работилница за заштита на малолетници при полициско задржување

Народниот правобранител Иџет Мемети на денешната работилница на тема „Заштита на малолетни лица при полициско задржување“ истакна дека полициските станици на местата за задржување на малолетните лица недоволно ги исполнуваат условите пропишани со стандардите и домашната легислатива, па затоа вие работилници придонесуваат токму за развивање на вештините на полициските службеници кои постапуваат со малолетните лица,  како и вештините на институциите кои ги контролираат состојбите.

- Со што подобра вештина на контролирање или вршење на функцијата народен правобранител, помагаме во надградба на системот од секаков аспект, било да е од условите за задржување и испитување или од добрите вештини на лицата што работат со малолетните лица. Малолетните лица се посебна категорија кои бараат посебен третман и не случајно Конвенцијата за правата  на детето е прецизно каде по однос на нивните права бара посебен начин на постапување и посебни услови, рече Мемети.

Тој додава дека Националниот превентивен механизам на народниот правобранител врши редовни посети на местата каде што се задржуваат малолетните лица.

- Нашите извештаи покажуваат дека има случаеви каде што институцијата утврдила несоодветни услови или несоодветен начин на постапување со малолетните лица. Утврдуваме проблеми и ризици и предлагаме тие ризици да се тргнат се со цел да се превенира да не дојде до повреда на човековите слободи и права, а во конкретниов случај на правата на децата  кои доаѓаат во судир со законот, рече Мемети.

Претседателот на Државниот совет за превенција на детско престапништво, Владимир Ортаковски посочи дека превенирањето на детското престапништво претсавува важна алка во целиот систем во она што е во непосредниот фокус на работата на државниот совет. 

Инаку, целта на работилницата е да придонесе кон подобрување на условите за задржување на малолетни лица, како и да ја зајакне заштитата на нивните права. 

06.12.2013 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега