СДСМ: Енергетска трансформација на државата, за 10 месеци 141 мегават инсталиран капацитет
Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски интензивно и динамично ја остварува енергетската трансформација на државата. По долготрајно стоење во место, во земјата се случува енергетска револуција. За само 10 месеци во државата се инсталирани енергетски капацитети од вкупно 141 мегавати и тоа 98 мегавати фотоволтаици, 37 мегавати од ветер, 6 мегавати мали хидроелектрани и биогас, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека до крајот на мандатот ќе имаме над 300 мегавати инсталиран капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола. За споредба тоа е неколку пати поголем инсталиран капацитет од сите досегашни инвестиции во изминатите три децении.
Сега значително се зголемува домашното производство на електрична енергија, а нашите граѓани имаат целосно и непречено снабдување со електрична и топлинска енергија, по најниски цени во регионот и Европа. Енергетскиот сектор добива нова сила, која значи сигурност за граѓаните и основа за развој на економијата, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа