Мицкоски: Жилави се, борбата ќе биде жестока
Инсталациите на СДСМ и ДУИ во институциите се жилави, жестока ќе биде борбата со нив. Премиерот Христијан Мицкоски со коментар за препораката на Антикорупциската комисија со која побара Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да си ги повлечат своите членови од Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители.
Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив. Не очекувам дека ќе биде лесна во обвинителството и во судството зашто нивната цел дададат сѐ од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните стопани, тие малкумина обвинители и судии да ги заштитат добива епски размери. И јас ова го зборував на последната собраниска седница кога одговарав на пратенички прашања. Често во изминатите пет месеци откако сме Влада се случува, да некои од обвинителите имаат стомачни проблеми, главоболки, температура, итн. во моментот кога ќе треба да се преземе резолутна акција против криминалци коишто беа симбол на едно минато седумгодишно владеење, коешто не треба да ни се повтори, вели Мицкоски.
Рече дека не очекува борбата да биде брза и кратка, туку долга, бидејќи како што вели, тие инсталации се жилави.
-Малкумина се, не се многу. Малкумина се сѐ уште слепи послушници на претходната Влада од СДСМ и ДУИ. Но можам да кажам дека ќе победиме, рече Мицкоски.
ДКСК минатата недела утврди судир на интереси при изборот на членови од Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители.
Членот на ДКСК, Биљана Каракашева-Шулев предметот го отворила по сопствена иницијатива и побара да ги стават вон сила одлуките, бидејќи станува збор за веќе именувани членови, а нивните судско-обвинителски функции им се ставени во мирување.
Според антикорупционерите, Законот за спречување на корупција и судир на интереси, не дозволува членовите на советите да бидат членови на УО на институции и претпријатија со државен капитал.
Сметаат дека одлуките за пополнување на Управниот одбор, со по двајца членови од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, се спротивни на членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, судирот се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалбите на кандидатите за судии и јавни обвинители, а советите ги избираат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа