Утре ќе се разбудиме на минус седум степени

Во Македонија утре утрото ќе биде студено, додека претпладне ќе преовладува сончево време. Утринската температура ќе се движи од минус седум до минус два, а дневната од пет до 10 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до минус шест и со дневна до седум степени.

Во вечерните и ноќните часови се очекува промена на времето, која ќе се манифестира преку преодно наоблачување со краткотрајни слаби врнежи од снег особено во западните и северите делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура во следните денови.

 

05.12.2013 - 16:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега