Русковска ќе се врати во скопското обвинителство,но нема да почне со работа поради суспензијата

 

Советот на јавни обивинители на седницата закажана за в понеделник, меѓудругото ќе одлучува и за иднината на досегашната шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и коурпција, Вилма Русковска.

Неофицијално, обвинителката најверојатно ќе се врати во скопското обвинителство, каде што шеф е обвинителот Гаврил Бубевски, но нема веднаш да почне со работа, бидејќи се уште има важечка суспензија, додека не заврши истрагата за случајот со Арафат Муареми.

На седницата в понеделник ќе се бира и шеф на Вишото обвинителство во Скопје. На огласот беа пријавени тројца кандидати - актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, но Фетаи вчера, неочекувано ја повлече својата кандидатура.

 

19.11.2022 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега