Каевски по прес-конференцијата на Ковачки: Очаен обид да го свртат вниманието од тендерот тежок 136 милиони евра

 

Шпицниот градоначалник, Мицкоски заедно со ВМРО-ДПМНЕ преку измислици се обидуваат да го оттргнат и да направат дефокус на она што се случува и во ВМРО-ДПМНЕ, односно расколот што се случува и со Данела Арсовска, но и она што денеска се случува со Никола Мицевски, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

„ Очигледно се обидуваат да го свртат вниманието со цел да не одговорат на она што граѓаните го очекуваат како одговори, односно која е улогата на шпицниот градоначалник во тендерот вреден 136 милиони евра и денеска преку измислици преку воениот дезертер Ковачки се обидуваат повторно да ја скриат вистината и да не даваат одговори на она што граѓаните го очекуваат и токму оттука ќе го повикам да даде одговори за тоа која е неговата улога во спорниот тендер и зошто веќе неколку дена Мицкоски молчи и не дава одговори на сите овие прашања“ додаде Каевски.

18.09.2022 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега