Сите на нозе утре е Black Friday - Техномаркет со попусти и до 80%

Производите во сите продавници на Техномаркет од утре ќе се продаваат за цена пониска и до 80%.

Со оваа акција, која ќе започне утре, на 29 ноември, а ќе трае до понеделник, 2 декември 2013 година, компанијата му се приклучува на светски популарниот настан, Black Friday или познат како почеток на божиќните и новогодишните намалувања.

Во текот на викендот, најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство, Техномаркет, за прв пат ќе им овозможи на граѓаните купување на вредни предмети за домаќинство по многу ниски цени.

Најпознатиот празничен шопинг настан, Black Friday, е традиционална манифестација на која сите поголеми маркети, продавници и компании своите производи ги нудат со големи попусти, со што го покажуваат својот празничен дух. Тоа е најмасовно посетениот настан ширум светот, кога граѓаните во редици го чекаат отворањето на вратите од супермаркетите и трговските центри.

Екстремни попусти, голем избор на производи од различни брендови, можност за доопремување на домовите по намалени цени, сето тоа ќе биде достапно во сите продажни салони на Техномаркет ширум државата.

На овој начин, Техномаркет уште еднаш успева да докаже дека е компанија која константно води грижа за своите потрошувачи и преку иновативни и интересни акции се труди да ја награди нивната долгогодишна доверба, стои во соопштението од компанијата. 

28.11.2013 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега