Штипјани ќе склучуваат брак во нова сала
Ќе се реновира салата за склучување на граѓански бракови во зградата на општина Штип. Штипскиот градоначалникот Илчо Захариев рече дека во наредните две недели граѓанските бракови ќе се склучуваат во големата сала на Советот на општина Штип.
- Салата треба да се препокрива, а треба да се сменат и фотељите, кои се оштетени. За две недели ќе успееме да ја реновираме. Известувањето до петте члена на Советот на општина Штип, кои ќе присуствуваат на чинот на венчавање е дека венчавките ќе се одржуваат токму во големата сала на Советот, рече Захариев.
Тој рече дека младите кои стапуваат во брак треба да имаат простор за еден свечен чин, како што е склучувањето на бракови. Штипскиот градоначалник додаде дека средствата за реновирањето на салата за венчавка ќе се обезбедат од бизнис секторот.