Спасовски: Нема никаков застој во истрагата за случајот на Денис Тот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зборуваше за шпекулациите кои се појавија дека имало застој во истрагата за ракометарот Денис Тот, кој го загуби животот.

Денис Тот почина во болница откако претходно беше нападнат пред ноќен клуб во Скопје, а Спасовски вели дека нема застој во истрагата.

„Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата. Знаете дека веднаш по добивањето на информацијата, која не е добиена од лице место, туку од Клиничкиот центар во Скопје, нашите еккипи се излезени на терен и почнуваат сите истражни дејствија. Две лица се приведени, по една трага, ќе се распишува и меѓународна потерница, а во моментов има локална потерница“, вели Спасовски.

Полицијата располага со видео снимка на која детално се гледа настанот како се одвива, истакна Спасовски, а од разговор постојат повеќе искази за тоа што била причината за настанот.

 

– Според изјавите што имаме тоа е некакво лично недоразбирање меѓу девојката и момчето, информира министерот Спасовски.

12.04.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега