Бидете претпазливи: Лажни паркинг карти низ Скопје, содржат QR код кој бара лични податоци
На 03.10.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие – Паркинзи општина Центар било пријавено дека во периодот од 01.10.2024 до 02.10.2024 од непознат сторител било извршено кривично дело „фалсификување исправа“.
Тој употребувајќи го името и логото на јавното претпријатие, доставувал лажни дневни паркинг карти на возила на територија на општина Центар со износ од 300 ден и со насока за плаќање преку наведен QR код кој водел до поле во кое се внесувале лични податоци и податоци од платежна картичка, кои панатаму би можеле да бидат предмет на злоупотреба.
04.10.2024 - 21:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа