Ковачевски: Димитров е само незадоволен бидејќи заврши неговото учество во Владата

 

Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на неговото учество во Владата, кажа мандатарот Димитар Ковачевски по изнесените ставови на вицепремиерот за европски прашаа Никола Димитров на денешата прес-конференција.

„Тоа што го кажува воопшто не е точно. Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии. Димитров лично бил дел од градењето на истите тие позиции. Македонскиот јазик и македонски идентитет не биле, не се, и нема да бидат тема на разговор. Дали господинот Димитров е против овие изградени држави позици во однос на разговорите со Бугарија и во кој дел треба да каже самиот. Граѓаните да бидат спокојни дека Владата во целост ќе ги заштити националните интереси, а преговорите на ниеден начин не се загорезени со заминувањето на Димитров“, кажа Ковачевски.

12.01.2022 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега