Ахмети гласаше, рече дека се надева на победа уште во првиот круг

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска гласаше на Локалните избори во избирачкото место во село Зајас.

Тој порача дека овие избори се огледало на демократијата и истакна оти се надеваат на победа уште во првиот круг.

Од овие избори, посочи, зависи европскиот пат на нашата земја.

Граѓаните своето демократско  право ќе можат да го искористат  со правото на избор на кого да го дадат својот глас.Од овие избори зависи и европската перспектива на земјава .Во изминатите 20 години сме имале  проблеми со влез во НАТО и во ЕУ. Сега откако влеговме во НАТО и го решивме проблемот со Грција, очекувам наскоро да го решиме и проблемот со Бугарија и целосно да го отвориме патот кон ЕУ-нагласи Ахмети.

17.10.2021 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега