Јапонската принцеза Мако се откажа од царскиот статус
Јапонската принцеза Мако (29) следниот месец ќе се мажи за својот вереник Кеи Комуро (29), поради што таа ќе остане без статус на член на царското семејство.
Јапонската новинска агенција „Кјодо“, повикувајќи се на извори блиски до владата, пренесува дека венчавката ќе биде организирана во октомври, и дека Мако по венчавката ќе го напушти царскиот двор.
Исто така, се дознава дека брачната двојка ќе се пресели во САД.
Членовите на јапонското царско семејство немаат пасоши. Затоа, Мако со граѓански статус прво ќе аплицира за регистрација на бракот заедно со нејзиниот сопруг.
Според законите што важат во Јапонија, жена од кралското семејство која ќе се омажи за цивил го губи својот кралски статус.
Мако, најстарата ќерка на јапонскиот престолонаследник Фумихит и братучед на императорот Нурихит, е првата принцеза на Јапонија по Втората светска војна што ќе се омажи без традиционална кралска венчавка.
Принцезата и Кеи се запознаа на Универзитетот во Токио во 2012 година.
Според монархистичките правила во Јапонија, членовите на кралското семејство го губат статусот и привилегиите кога се венчаат со некој што не е од царско семејство, но добиваат отпремнина од 1,35 милиони долари. Јапонските медиуми пренесуваат дека Мако најверојатно нема да ја прифати отпремнината.
Мако и Кеи ја одложуваа венчавката две години поради долгот што мајката на Кеи го имала кон својот поранешен вереник, но тие долгови сега се чини дека се подмирени.
На крајот на минатата година, јапонскиот престолонаследник, Фумихито, ѝ даде дозвола на својата ќерка да се омажи за Кеи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа