Серија апсења во Македонија - се апсеше во Скопје, Куманово, Прилеп, Кочани, Штип
Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата апсеше на повеќе локации на територијата на целата држава.
На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.
На 18.12.2024 околу 20.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.А.(23) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, таблети и грендер. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.12.2024 во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.А.(31) од Скопје. При преглед во неговото патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, извршен кај туристичката населба Свети Стефан, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, метален грендер и повеќе семки од растението канабис. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (19.12.2024) во 03.27 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (19.12.2024) во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле А.Б.(22) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.12.2024 во 18.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.12.2024 во 22.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(37) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.12.2024 во 01.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.М.(37) од Штип затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, повеќе различни таблети, дигитална вага и метален боксирач. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа