Делел награди на вработени, додека претпријатието било во минус: Поднесено обвинение за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Основното јавно обвинителство од Битола поднесе обвинение против Пеце Милевски, поранешниот директор на битолското Јавно претпријатие „Водовод“, а сегашен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за злоупотреба на службената положба.
Обвиненитето е поднесено до надлежниот суд за периодот кога тој бил в. д. директор на претпријатието, за продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.
„Обвинетиот, во 2022 и 2023 година како в. д. директор на јавно претпријатие, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и во повеќе наврати на шест различни лица вработени во претпријатието без правен основ им исплаќал дополнителни средства за работна успешност и покрај тоа што претпријатието во континуитет работело со загуби. Средствата им се исплаќале заради извршување на дополнителни работни задачи од повисоко работно место за кое дел не ги исполнувале ниту условите од правилникот за систематизација“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа