Млад велешанец паднал од електричен велосипед - пренесен на Ортопедија во Скопје

 


Во СВР Велес вчера во 9:55 часот  било пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во Велес , 28 годишниот Ј.Д. од Башино Село, велешко, управувајќи електричен велосипед, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата Ј.Д  се здобил со тешки телесни повреди, а  констатирани во Ургентен центар при ЈЗУ Општа болница Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира од ЈЗУ Општа болница Велес  портпаролот д-р Ванчо Граматов по укажаната лекарска помош и направените ренген снимања кај повредениот била констатирана тешка телесна повреда, скршеница на лево рамо. На пациентот  му била направена опсервација и потоа бил испратен на понатамошно лекување во  Клиниката за ортопедија во Скопје. 

28.07.2025 - 15:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега