Нечас одби да сведочи за обвинувањата за неговата поранешна советничка

 

Поранешниот премиер на Чешка одби да сведочи во врска со случајот на неговата поранешна советничка, а сега сопруга Јана Нагиова Нечасова. 

Како што јавува МИА, Петар Нечас не сакал да даде изјава за својата сопруга се сомничи за злоупотреба. Целиот случај, беше поврзан и со корупција на тројца поранешни пратеници во замена за изгласување на важни владини закони за економски мерки за рестрикции, по што Нечас поднесе оставка, која доведе до распуштање на чешкиот парламентарен состав и вонредни парламентарни избори.

- Би сакал да истакнам дека според информациите што ги имам на располагање, военото разузнавање не ги надминало законските надлежности, им изјави Нечас на новинарите.

Инаку, Нечас не е заштитен со пратенички имунитет и доколку се докаже, против него може да биде поведена кривична постапка.

14.11.2013 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега