Ќе се расипе времето - синоптичарите со ново предупредување
Синоптичарите за утре претпладне најавуваат промена на времето со повремен пороен дожд и грмежи. Понестабилно со пообилен дожд, локално над 15 л/м 2 за кратко време се очекува во јужните делови од земјава каде температурата позначително ќе се намали.
Локален дожд со ретки грмежи, претежно на запад, ќе има и во понеделник. Потоа ќе биде малку до умерено облачно, од понеделник со слаб до умерен, а на места и засилен ветер од североисточен правец.
04.09.2021 - 12:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа