Две млади момчиња завршија во полиција - им нашле марихуана

На 02.10.2024 во 23.20 часот на паркинг простор во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода М.Г.(22) и Д.В.(22), двајцата од Кичево и М.П.(23) и А.П.(26) од кичевското село Вранештица. При преглед во возилото во кое се наоѓале, биле пронајдени и одземени марихуана и една метална дробилка. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

04.10.2024 - 18:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега