Груби: Едвај чекам да видам како гласачите на Алијанса ќе гласаат за Груевски и Мицкоски, а патриотите за Села
Според првиоит вицепремиер и член на претседателството на ДУИ, Артан Груби, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива за претстојните локални избори е несвојствена и едвај чека да види како гласачите на едните ќе гласаат за другите, и обратно.
„По социјалните мрежи ја нарекуваат коалиција ’27-ми‘, тоа е коалиција на поделби, не е коалиција на заедништво, коалиција на Скопје 2014, а не за едно цело Скопје и заедничко наше. Многу е несвојствено и навистина едвај чекам да го видам денот кога сите гласачи на Алијанса со цело свое срце, со цел тој ентузијазам и љубов ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и Христијан Мицкоски. И обратно, сите тие патриоти на ВМРО-ДПМНЕ, сите кои влегоа на 27 април во Собранието, сите тие што го поддржуваа ’Скопје 2014‘ ќе гласаат со големо убедување и цело срце за Зијадин Села и Алијансата“, рече Груби.
Тој најави дека утре лидерот на ДУИ, Али Ахмети, официјално ќе претстави 18 кандидати за градоначалници за локалните избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа