Продолжуваат телефонските измами со сообраќајни несреќи: 70-годишна скопјанка платила за нејзиниот син „да не оди во затвор“
Сѐ уште продолжуваат телефонските измами со наводни сообраќајни несреќи. 70-годишна скопјанка е последната жртва која „паднала“ на измамата.
-Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Аеродром, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека на 07.08.2021 била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето телефонски ѝ кажало дека нејзиниот син прегазил малолетик, но доколку му даде одредена сума на пари тој може да помогне да не издржува затворска казна. Како што е пријавено, тие се договориле и таа му ги дала парите, а подоцна сфатила дека била измамена, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа