Американската раперка покажа дека има големо срце и го воодушеви светот
Американската раперка Меган Ди Сталион ја воодушеви светската јавност со нејзината неодамнешна постапка.
Имено, еден од фановите преку социјалните мрежи и се обрати на Меган со зборовите:
- Изгубивме пријател. Тој почина ненадејно. Те сакаше многу. Ние секогаш ги слушавме твоите песни заедно. Ние сакаме да му помогнеме на неговото семејство со погребните трошоци. Создадовме фонд на Интернет за тоа сме на половина пат да ја собереме потребната бројка.
Откако друг обожавател напиша дека им недостасуваат уште 8.000 долари, Ди Сталион ја уплати потребната сума на сметката на фондот, без јавно да ја огласи по тој повод
- Сакам да ја споделам оваа приказна со сите затоа што имам увид во сметката на фондот и знам од кого пристигна оваа сума, иако таа не зборуваше за тоа јавно. Тоа доволно кажува за неа - рече еден од обожавателите на американската раперка, приложувајќи извадок од фондот како доказ за неговите тврдења.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа