ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Георгиевски испраќа порака дека ќе се откаже од македонското малцинство во Бугарија
Зоран Заев преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово реагираше на вчерашната објава на поранешниот лидер на оваа партија и експремиер кој даде предлог-акциски план за подобрување на односите помеѓу Македонија и Бугарија.
„Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во кореспонденцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација. Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие обвинуваат и дека преку Георгиевски, испраќа порака дека ќе се откаже од македонското малцинство во Бугарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа