Несреќна гулашијада во Белград: Дете паднало во казан со гулаш

Четиригодишно дете паднало во неделата на настанот „Гулашијада“ во Баранда во котел со гулаш.

Како што јавуваат Новости, детето е извлечено од котелот со брзата реакција на полицијата и е префрлено на Универзитетската клиника во Белград, каде што, според официјалните информации, се наоѓа на интезивна нега и е вон животна опасност, пишува српски Блиц.

До несреќата дошло така што детето возело велосипед по тротоарите, во придружба на својата баба и удрило во дрвениот столб со кој бил обезбеден просторот, односно зелената површина околу местото каде што се одржувал настанот и каде што се готвел гулаш.

По ударот во столбот детето паднало во котелот.

Тоа, прво било пренесено во Домот за здравје Опово, а подоцна на лекување и во Белград.

27.05.2024 - 22:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега