Статистика: Размената со странство до октомври 7,86 милијарди долари

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, во првите девет месеци од годинава обемот на стоковната размена со странство изнесува 7.866.330.00 илјади американски долари при што вредноста на извозот изнесува 3.085.397.000, а на увозот 4.780.933.000 долари. 

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија. Со овие земји 49,8 отсто од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.

05.11.2013 - 15:48
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега