Претседателот Иванов на манифестација на „Спортски бон-тон“

 

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе присуствува на спортско-културна манифестација што ќе се одржи во општина Аеродром.

Иванов ќе има и обраќање на завршниот настан на проектот што ќе се одржи во хотелот„Александар Палас“ во Скопје каде ќе биде презентирана и книга, а ќе биде прикажан и документарен филм за проектот „Спортски бон-тон“.

Инаку, целта на „Спортски бон-тон“ е промовирање на спортот како општествена активност, преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија. Носител на проектот е Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт „Глобал“, во партнерство со општините вклучени во неговата реализација, Кавадарци, Росоман, Дебар, Центар Жупа, Теарце, Валандово и Аеродром, а негов покровител е шефот на државата.

01.11.2013 - 09:37

најчитано сега