Јамалов: Буџетот за 2025 година е развоен и со највисоко ниво на капитални инвестиции

 

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој што посочи дека овој буџет за 2025 година е развоен и со највисоко ниво на капитални инвестиции.

„Едно мало дополнување на колешката, како што кажа и заменикот министер во излагањето и министерката, овој буџет е развоен со највисоко ниво на капитални инвестиции. 50,5 милијарди денари или 5% од Бруто домашниот производ, овие инвестиции ќе бидат насочени кон проекти кои ќе бидат долгорочен економски и социјален импакт“, рече Јамалов.

Тој посочи дека со ребалансот на буџетот Владата предвидела 100 милиони евра за директна помош на локалната самоуправа и јавно ги повика сите општини повторно да аплицираат за финансиска поддршка.

„Како што кажа и колешката, со ребалансот предвидовме 100 милиони евра директна помош на локалната самоуправа. Аплицираа општините сите и сите добија одредени средства според методологија за веќе готови проекти. Јас лично ги повикувам сите градоначалници и нивната администрација да бидат спремни за наредните 250 милиони евра, кои се од локално значење, да бидат подготвени со проекти да аплицираат на наредниот повик кој е предвиден со овој предлог буџет за 2025 година“, истакна Јамалов.

 
25.11.2024 - 16:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега