Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има направено уредување што претходно никогаш не било направен
Лефков појаснува дека впрочем оваа депонија која е всушност диво одлагалиште не гори две годни како што обвинуваат од опозицијата, туку гори цели седум години, факт кој никако не смее да се прескокне и додава дека истата никогаш и не биле подобро уредена до сега.
„Извршена е и механичка и биолошка преработка на депонијата, таа е спремна целосно да ги прими овие количини затоа што конечна цел е да си изгради и да се оди кон регионализација, за што и самите кажавте дека има заеднички повик меѓу Европската комисија и Министерството за финансии, тоа е крајната цел“, прецизен е Лефков.
Според него додека сите во Кочани очекуваат да заврши јавниот повик успешно и депонијата да биде затворена, СДС и Левица се обидуваат да го саботираат бидејќи очигледно не се свесни дека Кочани е котлина околу која гравитираат околните општини и ако има палење на една депонија, ѓубриште, одлагалиште, тогаш ќе има загадување на целата котлина.
„Да ве потсетам дека таа котлина претставува фабрика за храна, едно од најголемите производители на храна во државата за коешто е важно да имаме еколошки одржлива средина и сега вашиот предлог е да инвестираме во депонија којашто треба да биде затворена или реалоцирана. И зошто не кажете уште една вистина дека од кога е владата на ВМРО-ДПМНЕ, за само четири месеци се направи такво уредување коешто никогаш претходно не било направено“, посочува Лефков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа