ФОТО: Секој вработен во Куманово треба да му плаќа по 100 денари на СДСМ

Претседателот на кумановските социјалдемократи, Мартин Костовски, му наложил на директор на локална јавна установа да направи список на членови кои се таму вработени и да бара од нив по 100 денари месечно. За директорот пак тарифата била малку повисока и тој ќе треба да донира по 500 денари месечно, објави порталот "Курир".

Според документот потпишан од претседателот на кумановските социјалдемократи, а испратен до директорот на ЈУ "Зафир Сајто" на седница на Извршниот одбор која се одржала кон средината на минатиот месец било одлучено да се уплаќа за поефикасно работење" на партијата. Парите требало да му се предадат на техничкиот секретар на кумановските социјалдемократи. Директорот покрај списокот на социјалдемократи во јавната установа, треба и да ги извести дека имаат обврска да ги уплаќаат парите.

Од објавениот допис се гледа дека одлуката веќе стапила на сила почнувајќи од овој месец.
Според порталот Курир", Мартин Костовски е претседател на ОО СДСМ Куманово веќе неколку месеци, и веднаш почна со тероризирање и рекетирање на невини граѓани и вработени во јавните претпријатија во Куманово. Одлуката е на голема штета на вработените во општинските ЈП, бидејќи повеќето општински фирми не ги исплаќаат платите на вработените по неколку месеци.

"Курир" веќе објави скандал во општината Струмица каде што бизнис-партнерите и роднините на Зоран Заев кои што добиваа тендери од општината, беа финансиери и донатори во СДСМ. Овие скандалозни одлуки на СДСМ кои што се на директна штета на граѓаните, преку кои се испумпуваат, бараат пари и лични податоци од невини вработени во општините каде што раководи СДСМ, докажуваат само еден неморален чин од страна на раководството на партијата, стои во информацијата на порталот.

29.10.2013 - 23:06

најчитано сега